25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Обложувалниците веќе ги претставија коефициентите за наследникот на Хоџсон

СП 2014: Обложувалниците веќе ги претставија коефициентите за наследникот на Хоџсон

roj hodzson20

Англија е многу блиску до елиминација од Мундијалот, а сепак остана само неостварлива теорија. Па така веќе се знае листата на кандидати за наследник на селекторот, ако може да им се верува на обложувалниците.

„Гордиот Албион“ ги загуби двата натпревери на Светското првеснсто, а само теорија може да ги одведе до осминафинале.

Хоџсон, сигурно нема да ја преживее раната елиминација на клупата, а „букмерјкерите“ тврдат дека би можел да го наследи Хари Реднап. Имено, тој беше првиот фаворит по заминувањето на Капело, но тогаш федерацијата го одбра Хоџсон.

Коефициентот на Реднап е 6, зад него се Мурињо и Гери Невил, но со коефициент од 8.

Има уште понудени кандидати, на пример Гвардиола „плаќа“ 10 пати на вложеното, потоа следат Пердју, Венгер и Стјуарт Пирс со коефициент од 14.

Алардајс има коефициент од 16, Дејвид Бекам од 20, исто колку што се вреднува и шансата на Дејвид Мојс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП