7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонска пошта подготвува тендер за заштита на своите објекти

Македонска пошта подготвува тендер за заштита на своите објекти

makedonska-posta2222

Од експозитурата на Македонска пошта на Бит Пазар при вчерашниот грабеж се одземени 46.000 денари, кои се осигурени, а не како што беше објавено 80.000 денари, соопшти денеска Македонска пошта.

Со цел да се намали бројот на кражби, Македонска пошта подготвува тендер за заштита на поштенските објекти.

„Станува збор за интегриран тростепен систем на заштита, со кој ќе бидат покриени сите единици на поштенска мрежа на Македонска пошта, и со кој се надеваме дека бројот на кражби кој во последно време и така е сведен на минимум во иднина нема да претставуваат закана за работењето. Во изминатиот период се работеше на дополнување и на интерните акти на Друштвото со цел намалување на ризикот од кражби“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП