3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНе наседнувајте на етикетите од амбалажите

Не наседнувајте на етикетите од амбалажите

food-labels

Продавниците со прехрамбени производи се полни со „искушенија“, а кога ќе им одолееме и ќе одлучиме да се храниме здраво, почнуваме да ги читаме информациите од етикетите на намирниците, кои многу често не доведуваат до заблуда.

Со оглед на тоа дека има се повеќе дебели луѓе, произведувачите се обидуваат да сугерираат преку етикетите на амбалажите дека одредениот производ е здрав и хранлив. Новото истражување на Универзитетот Хјустон, покажуваат дека етикетите на овој начин ги лажат купувачите, доведувајќи ги во зaблуда дека се хранат здраво.

Кога на амбалажата ќе прочитате: антиоксидант, без глутен, со житарици, органско, природно… бидете внимателни – купувачите често мислат дека производите со овие зборови се здрави.

„Лажното чувство за здравје, заедно со неуспехот на потрошувачот да ги разбира наведените нутрициски информации, можат да допринесат за епидемија на дебелината“, тврдат истражувачите.

„Производителите на храна ја експлоатираат желбата на купувачите да се хранат здраво, означувајќи ги како нутрициски и оние производи кои не се такви“, рече водечкиот автор на студијата др. Темпл Нортап.

Новата студија го испитала степенот до кој потрошувачите ги поврзуваат овие зборови со здравите намирници.

По спроведувањето на студијата, истражувачите утврдиле дека купувачите, главно, сметаат дека намирниците на кои се истакнати овие зборови, се навистина поздрави од оние чии амбалажи не ги содржат овие зборови.

Научниците, исто така, тврдат дека производителите прават малку, или речиси ништо, за да им ја разјаснат заблудата на купувачите.

Др. Нортап објаснува дека поединечни производи и во своето име содржат зборови, кои не наведуваат на тоа да помислиме дека се поздрави отколку што се. „Ако, на пример, ви кажат збор „доктор“, во вашата глава ќе се јават и зборовите „медицинска сестра“, „стетоскоп“ и слично“, вели Нортап и додава дека кога во нашиот мозок ќе се јават вакви зборови, тие влијаат на пристрасноста и начинот на кои вреднуваме нешто.

„Производителите на овој начин влијаат дури и на нашите подоцнежни мисли и однесувања, а за тоа не сме ниту свесни“.

При спроведувањето на студијата, научниците на учесниците им покажувале фотографии со намирници кои се опишани со зборовите органско, природно… и истите производи од кои овие натписи на етикетите се избришани.

Учесниците во студијата, 318 учесници, требале да одредат колку, според нивното мислење, секој од производите е здрав.

Резултатите покажале дека учесниците наседнале на овие зборови, и производите така опишани ги оцениле како поздрави.

Др. Нортап нагласува дека етикетите кои ја истакнуваат нутрициска вредност на производот всушност ги збунуваат купувачите, кои неможат да одлучат што навистина е здраво, а што не е здраво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП