25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВенгер го сака Балотели, но и двајца од Јунајтед

Венгер го сака Балотели, но и двајца од Јунајтед

super mario20

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер ги превземал првите чекори во привлекувањето на напаѓачот на Милан, Марио Балотели.

Од пред извесно време италијанските и англиските медиуми потенцираат дека поранешниот играч на Манчестер Сити сака да се врати во Премиерлигата, а „росонерите“ од своја страна имаат тенденција да го продадат, бидејќи имаат потреба од свежи финансиски приходи.

Според „Дејли Меил“ од „Емирати“ веќе започнале да се распрашуваат за евентуалната цена на Балотели, а „Мирор“ додава дека Венгер се сретнал во Бразил со претставници на играчот. Се претпоставува дека Милан ќе сака за Супер Марио, кој го постигна победоносниот гол за Италија во дуелот против Англија, околу 25 милиони фунти.

Вчера медиумите на Островот излегоа со информацијата дека капитенот на Арсенал, Томас Вермален се договорил со Манчестер Јунајтед и најверојатно ќе стане играч на „црвените ѓаволи“.

Денес „Дејли Меил“ додава дека двата клуба можат да остварат уште неколку трансфери. Според изданието, Арсен Венгер е заинтересиран за двајца играчи на Јунајтед – централниот дефанзивец Крис Смолинг и халфот Том Клеверли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП