13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДисперзирана канцеларија на Агенцијата за вработување во Старо Нагоричане

Дисперзирана канцеларија на Агенцијата за вработување во Старо Нагоричане

agencija za vrabotuvanje009

Дисперзирана канцеларија на Агенцијата за вработување денеска беше отворена во општина Старо Нагоричане. Канцеларијата ќе понуди услуги за невработените од оваа рурална општина, но и за работодавачите во општината.

Од Агенцијата за вработување информираат дека ова е шеснаесетта канцеларија која сe oтвoра, а до крајот на годинава, најави, директорот Влатко Поповски, ќе бидат отворени уште пет канцеларии. Канцеларијата во Старо Нагоричане ќе опслужува 600 активни баратели на работа.

„Онаму каде што секаде имавме проблем во делот на комуникација помеѓу Агенцијата и жителите на некоја општина досега излегувавме во пресрет. Нема да запреме со овие дваесетина канцеларии. Со расположливиот буџет со кој располага Агенцијата и капацитетот на персоналот во матичните центри, ќе се обидеме секаде каде што има долг пат помеѓу жителите на одредена општина до матичниот центар да излеземе во пресрет на граѓаните и да отвориме локална дисепрзирана канцеларија“, рече директорот Поповски.

Од Агенцијата најавија дека во иднина ќе дозволат неколку единици од персоналните компјутери да бидат во слободна употреба за секој граѓанин со тоа што ќе бидат ставени  исклучиво на страници каде што се нудат работни места, обуки, преквалификации и доквалификации.

„За кратко време се најавува голема инвестија која ќе биде на неколку километри оттука, за околу 5.000 работни места и дел од граѓаните кои ќе сакаат да работат ќе можеме да ги подготвиме за оваа компнија, но и за другите кои ќе влезат во оваа Општина. Претходно разговаравме со градоначалникот дека има заинтерсираност за неколку мали инвестиции кои многу ќе значат и се надевам дека ќе успее да ги привлече тие компании“, рече Поповски.

Градоначалникот Милован Стојковски објаснува дека оваа дисперзирана канцеларија им овозможува на жителите полесен пристап до услугите на Агенцијата за вработување како и скратување на патните трошоци до Центарот за вработување во Куманово.

„Општината има огромна територија од 451 километри квадратни. Општината има 4.860 жители, од кои илјада се млади, од нив 600 се активни баратели на работа“, рече градоначалникот Стојковски.

Тој додаде дека во Општината се интересирале повеќе компании од различни сектори, прехранбената, земјоделската, од металната индустрија, за можни инвестиции, така што спроед Стојковски отварањето на канцеларијата се спроведува во вистински период.

Канцеларијата е лоцирана во зградата на Општината и ќе работи секој работен ден од 08.30 до 16.30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП