27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Росонерите“ се засилија со Менез

„Росонерите“ се засилија со Менез

menez milan

Повремениот репрезентативец на Франција, Џереми Менез заминува од ПСЖ и ќе се пресели во Милан. 27-годишното крило пристигна во Милано за официјално да потпише договор со „росонерите“. Извршниот директор на Милан, Адријано Галијани пречека фудбалерот и го одведе на вечера пред медицинските тестови.

„Многу сум среќен и сакам да продолжам да освојувам титули, како во ПСЖ. Зошто Милан? Затоа што тоа е голем клуб. Се надевам дека тука добро ќе се претставам. Не сум разговарал со никој од француските играчи во Милан. Која е разликата помеѓу Менез во Рома и овој сега? Ќе видите на теренот. Напреднував доста во споредба од пред четири години и сакам да го докажам тоа со играта“, изјави Менез при пристигнувањето.

Крилото играше за Рома од 2008-ма до 2011-та година, а сега пристигнува во Милано како слободен агент, откако не доби нов договор од францускиот шампион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП