28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолгот на српските граѓани за кеш кредити се зголемил на 60 милиони...

Долгот на српските граѓани за кеш кредити се зголемил на 60 милиони евра

Narodna banka Srbija

Кредитната задолженост на граѓаните на Србија од почетокот на годината до крајот на мај се зголемила за над 11 милијарди динари (95 милиони евра), и изнесувала 627,41 милијарди динари (5,6 милијарди евра), покажаа податоци на Здружението на банки на Србија (УБС).

Во првите пет месеци од годинава, долгот на граѓаните за станбени кредити се зголемил за околу 2,5 милијарди динари (22 милиони евра), додека во истиот период задолженоста на граѓаните најмногу се зголемила врз основа на кеш кредитите – за околу седум милијарди динари (60 милиони евра), наведено е на сајтот на УБС.

Во исто време, според податоците на Здружението на банки на Србија, доцнењето во отплатата на кредити исто така расте. Така во првите пет месеци од 2014 зачестува доцнењето во отплатата подолго од 60 дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП