27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИS&P го намали кредитниот рејтинг на NLB на шпекулативно ниво

S&P го намали кредитниот рејтинг на NLB на шпекулативно ниво

nlbbanka

Агенцијата за кредитен рејтинг „Standard & Poor’s – S&P“ и додели вчера на „Nova Ljubljanska Banka-NLB“долгорочен рејтинг „ББ-“, со негативни прогнози, класифицирајќи ја така најголемата словенечка банка во ранг со ризичните шпекулативни инвестиции.

„S&P“ оценува дека деловната положба на „NLB“, со оглед на нејзината доминантна позиција на пазарот во Словенија е „адекватна“, но дека нејзината перспектива, особено во работењето со компаниите, имајќи ги во предвид лошите економски околности, не е добра.

Капиталот на „NLB“ и нејзината добивка, агенцијата ги оцени како релативно солидни, наведувајќи дека станува збор за неутрални фактори за конечната оценка за рејтингот.

Положбата на „NLB“ во поглед на изложеноста на ризиците е „слаба“ и полоша во однос на некои други банки, оценува агенцијата и додава дека банката и понатака е изложена на висок кредитен ризик поради кредитната експанзија која се случуваше во пресрет на кризата и оптеретена со високо задолжениот градежен сектор и лошите кредити, иако државата како единствен сопственик на крајот на минатата година ја докапитализираше и започна со процесот на санација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП