26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОDeutsche Bank ќе инвестира во Борусија (Д)

Deutsche Bank ќе инвестира во Борусија (Д)

"Borussia-Fahne vor Gericht"

Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп е на пат да добие нова солидна финансиска инјекција со која ќе може да изгради конкурентен тим во битката со Баерн Минхен.

Според списанието „Bilanz“ раководството на „милионерите“ преговара со „Deutsche Bank“ за продажба на 10% од акциите на клубот за околу 23,5 милиони евра. „Жолто-црните“ бараат силни партнери, кои ќе гарантираат финансиската сигурност на тимот во иднина. Според раководството на клубот таков партнер е „Deutsche Bank“ – најголемата комерцијална банка во Европа до 2012-та година.

Нејзините средствата се 2,16 трилиони евра, што е околу 80% од износот на германската економија. Слична е практиката и во Баерн, каде светските гиганти „Audi“, „Adidas“ и „Allianz“ вкупно поседуваат 8,3% од клупските акции и годишно налеваат средства во касата. Само за 12 месеци, Борусија се раздели со две свои суперѕвезди – Марио Гетце и Роберт Левандовски, кои веќе се фудбалери на баварскиот гигант.

Тоа го принуди Клоп да инвестира во нови фудбалери како Чиро Имобиле (околу 19 милиони евра), Адријан Рамос (9,75 милиони евра), Нури Сахин (купување по позајмица), Жи Дон-Вон (слободен агент) и евентуално Матијас Гинтер (10 милиони евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП