5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосква и Пекинг ќе основаат рејтинг агенција

Москва и Пекинг ќе основаат рејтинг агенција

antonsiluanovjd37ryh934

Русија и Кина постигнаа договор за основање на заедничка агенција за кредитен рејтинг, која на почетокот ќе се занимава со проценување на заедничките инвестициски проекти, изјави денес рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

Силуанов за време на посетата на Кина изјави пред новинарите дека новата агенција ќе се базира врз веќе постоечкиот модел на рејтинг агенциите.

„Сакаме рејтинзите на оваа агенција да бидат аполитични“, додаде тој.

Рејтинг агенцијата „Standard&Poor’s“ на крајот на април го намали кредитниот рејтинг на Русија на еден степен над најнискиот, само неколку седмици откако Русија се спои со Кримскиот полуостров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП