29 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШтербик од Барселона се сели во Вардар

Штербик од Барселона се сели во Вардар

sterbik

Голманот на шпанската ракометна репрезентација и досегашен член на шпанскиот шампион Барселона, Арпад Штербик во следните четири години ќе го брани голот на Вардар.

34-годишниот Штербик својата голманска кариера ја почна во Југовиќ (Србија), а потоа беше дел и од составот на унгарски Веспрем, шпански Сиудад Реал односно Атлетико Мадрид пред да застане на голот на Барселона.

Тој е освојувач на голем број признанија, титули со своите екипи и репрезентации (бранел за СР Југославија и Шпанија), а секако најголемото признание е кога од ИХФ (Светската ракометна федерација) беше прогласен за играч на годината (2005).

Трансферот во Вардар преку изјава за официјалната веб страна на клубот го потврди Штербик.

– Вардар е историски клуб со големи амбиции и себе си се гледам во овој нов проект и тоа за мене е голем предизвик. Се надевам дека овие четири години ќе можеме да направиме многу успех и овој легендарен клуб да го подигнеме на уште повисоко ниво, бидејќи македонскиот ракомет заслужува да има една добра екипа во Скопје, што ќе се бори за сите титули.

Новиот голман на Вардар информираше дека самиот побарл раскин на договорот со Барселона, а воедно додаде дека двата клуба ги договорија деталите за трансферот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП