1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДали е можно да се замрзнат луѓето, но потоа да оживеат?

Дали е можно да се замрзнат луѓето, но потоа да оживеат?

zamrznat covek

Доктори во Пистбург започнаа експерименти во областа „одложена анимација“ на човековото тело, со први тестови на луѓе кои претрпеле сериозни повреди од огнено оружје.

Во филмот„Encino Man“ од 1992-ра година двајца тинејџери од Калифорнија случајно откопаа и подоцна успешно одмрзнаа пештерски човек. Иако човековата хибернација во траење од неколку милениуми паѓа во доменот (невозможно) научна-фантастика, но научните достигнувања во областа на краткотрајната хипотермија се се поголеми.

Докторите од „UPMC“ болницата во Питсбург започнаа први да прават тестови на луѓе со повреди од огнено оружје со потенцијален фателен исход. Во желба да „купат дополнително време“ за лекување, докторите на ваквите панциенти ќе им ја заменат крвта со еден солен раствор, кој би требало практично максимално да ја забави клеточната активност. Пациентите технички ќе бидат мртви, без срцеви и мозочни активности, но нивните клетки и натаму ќе бидат живи и ќе функционираат многу побавно на намалената телесна температура. За приближно два часа, научниците ќе ја вратат крвта во организамот, кој тогаш би требало да „оживее“.

Ваков експеримент претходно беше тестиран на свињи со 90 проценти успешност. Нивната ментална и физичка состојба била непроменета. Во 2006-та година научниците на глувци ја тестирале методата предизвикана хипотермија со вбризгување на гасот хидроген-сулфид. Новата процедура, засега наречена „итно зачувување и заживување“ ќе биде применета и на луѓе само во екстремни ситуации, на пример кај пациенти кои се примени во ургентниот центар со сериозни загуби на крв и проценка на шансите за преживување под 7%.

Во поновата историја забележани се неколку инциденти кои по природен пат ја потврдија способноста на човековиот организам краткорочно да ја поднесува хипотермијата: во 2000-та година едно бебе од Алберта било на снег само во пелени и подоцна се вратило во живот по скоро два часа без срцева работа, а во 1999-та шведскиот радиолог Ана Багенхолм преживеа 80 минути под ледена вода и под површинскиот слој на мраз.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП