18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРед Бул размислува да го смени Рено со Фолксваген или БМВ

Ред Бул размислува да го смени Рено со Фолксваген или БМВ

helmut marko

Советникот на Ред Бул, д-р Хелмут Марко откри дека се размислува за замена на добавувачот на мотори за тимот. Во моментов францускиот производител Рено ги испорачува турбо моторите за болидите на Себастијан Фетел и Даниел Рикардо.

Австрискиот тим, сепак, е неуспешен во речиси секоја трка, а четирикратниот светски шампион Фетел постојано има проблеми и две од шестте трки во оваа сезона не ги заврши.

„Треба итно да се донесе одлука за идниот снабдувач на мотори за Ред Бул. Фолксваген веќе се натпреварува во други серии со блиски до сегашните турбо мотори во Формула 1. Постојат и други опции, компании со искуство во спортот, а кои во моментов размислува за можно враќање“, изјави д-р Хелмут Марко.

Освен Фолксваген, опција за Ред Бул е потпишување на долгогодишен договор и враќање на БМВ во Формула 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП