27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПобедете го стресот со помош на овошје и зеленчук

Победете го стресот со помош на овошје и зеленчук

voce

Нивото на стрес и правилната исхрана се тесно поврзани. За жал, поради премногу работа често не бираме намирници кои пред се се здрави.

Обидете се да избегнете такви ситуации планирајчи ги оброците однапред. Овошјето и зеленчукот секогаш се добар избор.

Сложените јаглехидрати, кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот, го поттикнуваат ослободувањето на серотонинот, а останатите нутритивни вредности, како што се витамини и минерали, одат во прилог на добро расположение.

Витаминот Б ви е потребен ако сте напнати, а можете да го побарате во кељот и брокулата.

Флавоноидите и омега-3 масните киселини ја подобруваат концентрацијата, помнењето и расположението, а исто така го намалуваат нивото на хормонот на стрес – кортизол.

Витаминот Ц, кој го чува организмот од болести, ќе го надоместите со конзумирање сок од јаболко и портокал.

И одделни минерали, како цинкот и калциумот, се губат под влијание на стресот, па а важно да конзумирате што повеќе намирници како магдонос, ѓумбир, спанаќ, блитва и морков.

Како помош при решавање на стресот се повеќе се споменува и зелениот чај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП