2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОколу 50 илјади Романци и Бугари аплицирале за работа во Велика Британија...

Околу 50 илјади Романци и Бугари аплицирале за работа во Велика Британија во првите три месеци од годината

london-streets-jcue7rfy

Околу 50 илјади Романци и Бугари аплицирале за работа во Велика Британија во првите три месеци од годината, пишува британскиот весник „Дејли мејл“ во напис, насловен како „Вистината за романските и бугарските имигранти се разоткрива“.

Според весникот 34.900 Романци и 10.445 Бугари се пријавиле за национален осигурителен број во јануари, февруари и март.

Новите статистики силно ги поткопуваат тврдењата од минатата недела дека бројот на романските и бугарските работници во Велика Британија се намалил во првите три месеци од годината, коментира весникот.

„Дејли мејл“ додаде дека според податоци објавени од Би-Би-Си и други медиуми во март се регистрирани четири илјади романски и бугарски работници помалку во споредба со јануари.

Од 1 јануари беа укинати ограничувањата за работа за бугарските и романските државјани, што предизвика стравување во Велика Британија од масовна имиграција на работници од овие две земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП