
Малопродажбата во Британија, клучниот индикатор за потрошувачката на домаќинствата, во април се зголеми за 1,3 проценти во однос на претходниот месец, покажаа официјалните податоци во Лондон.


Малопродажбата во Британија, клучниот индикатор за потрошувачката на домаќинствата, во април се зголеми за 1,3 проценти во однос на претходниот месец, покажаа официјалните податоци во Лондон.
Малопродажбата на годишно ниво е зголеменa за 6,9 проценти, што е најголемиот раст во последната деценија, наведува британскиот Завод за статистика, пренесува агенцијата Франс прес.
На растот на малопродажбата влијаеле и Велигденските празници, кои оваа година се паднаа подоцна во однос на претходната година, но и солидното закрепнување на британската економија.