28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAT&T ќе понуди 48.5 милијарди долари за DirecTV

AT&T ќе понуди 48.5 милијарди долари за DirecTV

at_t_BetaAP

Американската телекомуникациска компанија „AT&T“ има во план да го превземе операторот за сателитска телевизија во САД, „DirecTV“.

Според информациите кои пристигнуваат од ова земја, „AT&T“ има во план да го купи најголемиот оператор за сума од 48.5 милијарди долари.

„AT&T“, најголемиот провајдер за мобилни услуги, објави дека ќе понуди 95 долари за една акција на „DirecTV“, и тоа во готовина и во свои акции.

Двете компании очекуваат договорот да биде завршен во наредните 12 месеци.

„DirecTV“ има претплатници во 22 американски држави, како и околку 18 милиони корисници во Латинска Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП