КОМПАНИИ

„Пелистерка“ испрати помош од 225.000 литри вода во Србија

pelisterka

Македонската компанија „Пелистерка“ се приклучи кон повиците за испраќање помош во Србија, која што изминативе денови е зафатена од поплави со катастрофални размери.

Како што информираат од компанијата, производителот и дистрибутер ќе испрати 10 камиони со повеќе од 225.000 литри од оваа течност во најзагрозените подрачја.

Станува збор за над 160 илјади шишиња.

– Ситуацијата во Србија ја следиме со огромна загриженост. Солидарноста и желбата да му се помогне на соседот во овие мигови треба да бидат најсилни.

Без размислување и резерви решивме да го испратиме овој конвој со свежа вода за пиење која, се надеваме, барем малку ќе им ја олесни состојбата и ќе им помогне во битката со невремето и со водената стихија на тие што им е најпотребно, велат од „Пелистерка“.