19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФранцускиот суперавтомобил Genty Akylone (фото+видео)

Францускиот суперавтомобил Genty Akylone (фото+видео)

genty

Француски „Genty“ уште во 2011-та година го најави својот суперспортски модел „Akylone“, a сега се објавени некои нови детали за ова возило.

И дизајнот во меѓувреме доживеа некои промени, но „Genty“ и натаму бара инвеститори за целиот проект, за да може автомобилот да стане реалност.

genty1

Во секој случај, овој суперспортски модел би требало да има 6.0 литарски „twin-turbo V8“ мотор со 1200KS и 1165 Nm вртежен момент, кој ќе биде поврзан со шестстепен секвенционален менувач, додека погонот ќе биде на задните тркала.

genty2

Благодарејќи на употребата на јаглеродни влакна и алуминиум, тежината на возилото изнесува 1105 kg, со распоред 42:58 проценти напред/назад.

Се проценува дека „Genty Akylone“ oд 0 до 100 km/h ќе забрзува за 2.7 секунди, дo 200 km/h зa 7,2 секунди, а до 300 km/h зa 14 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП