5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници кои се добри сојузници во борбата против кандида

Намирници кои се добри сојузници во борбата против кандида

179898843952777f524d537272396693_orig

Габите, научно познати како кандида се дел од секое тело. Мало количество на кандида има и во устата и цревата како помош во варењето. Постои нормална рамнотежа на овие габи во организмот, која му овозможува нормално функционирање. Меѓутоа, ако таа рамнотежа се наруши од било која причина (храна, лекови или временски услови) кандидата влегува во крвниот систем и ослободува одредени отрови. Следните намирници се добри сојузници во борбата против кандида…

Лук

Лукот е добар не само за салата или како додаток на храната, туку и во медицината. Силните анти-бактериски, анти-паразитски и анти-габични својства на лукот го прават одлично средство во борбата против кандида. Личноста која има кандида има големи шанси да задржува вода во телото, а лукот помага во исфрлување на вишокот течности.

Кокосово масло

Во борбата со кандидата кокосовото масло го зајакнува имунолошкиот систем. Лауринската и каприлната киселина во кокосовото масло го спречуваат ширењето на кандидата така што ја убиваат.

Зеленчук

Зелката,руколата, ротквицата, брокулата, кељот содржат сулфур и соединенија богати со азот кои помагат во борбата против кандида.

Јаболков оцет

Истражувањата покажуваат дека јаболковата киселина содржи ензими кои помагаат во борбата против габите.

Алги

Алгите се богати со хранливи состојки. Повеќето луѓе кои имаат кандида патат од хипертиреоза, па морските алги кои се богати со јод помагаат во балансирање на штитната жлезда. Тие исто така помагаат во исфрлувањето на отровните супстанци од организмот и ги чистат цревата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП