2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕвропскиот суд му порача на Google: Овозможете им луѓето да бидат „заборавени“

Европскиот суд му порача на Google: Овозможете им луѓето да бидат „заборавени“

Google-Facing-European-Antitrust-Inquiry

Европскиот суд донесе одлука дека „Google“ мора да го промени својот алгоритам за пребарување поради барањето на обичните луѓе кога некои нивни линкови се застарени или информациите се ирелевантни, т.н. „правото да бидеме заборавени“ на Интернет.

Според новото решение на Судот, корисниците ќе можат да побараат од „Google“ да ги избрише нивните чувствителни информации од резултатот на пребарувањето на Интернет.

Одлкуката на Европскиот суд на правдата (ECJ), со седиште во Луксембург, доаѓа откако еден Шпанец се жалел на шпанската агенција за заштита на податоци, поради тоа што се уште се прикажуваат податоци од продажната аукција на неговата куќа од пред 16 години, со што сметал дека е повредено неговото право на приватност.

Од друга страна, „Google“ наведува дека присилувањето за отстранување на ваквите податоци може да се смета како некој вид на цензура, а пребарувачот смета дека не ги контролира податоците, туку само нуди линкови кон информациите кои се слободно достапни на Интернет.

Овој случај е само уште еден пример во битката помеѓу приврзаниците за слободно истражување и поддржувачите на правото на приватност, кои говрат дека луѓето имаат право нешто да биде заборавено и бараат начини да ги отстранат своите дигитални траги од Интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП