ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Богданци отворена дисперзирана канцеларија на Агенцијата за поддршка на земјоделството

Во Богданци отворена дисперзирана канцеларија на Агенцијата за поддршка на земјоделството

agencija zemjodelstvo

Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој отвори дисперзирана канцеларија во Богданци преку која земјоделците од општината веќе можат да добиваат информации што им се потребни за нивната работа.

Канцеларијата е сместена во зградата на локалната самоуправа и ќе биде отворена секој работен ден од 8 до 16 часот. Таа ќе биде надлежна за жителите и земјоделците од Богданци и населените места Стојаково, Селемлија и Ѓавото, кои ќе имаат можност да се запознаат со одредени аспекти во делот на аплицирањето за субвенции, ИПАРД програмите, како и да добиваат совети и информации за прашањата околу исплатата на поднесените барања за субвенции.

Во дисперзираната канцеларија во Богданци, земјоделците ќе добиваат помош и во пополнувањето на обрасците и барањата за подршка, како и совети за избор на мерките од програмите.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП