28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон прв по бројот на милијардери

Лондон прв по бројот на милијардери

O

Лондон има повеќе милијардери од било кој друг град во светот, а Велика Британија има најголема концентрација на милијардери според бројот на жителите, покажуваат истражувањата.

Во Лондон живеат 72 од 104 британски милијардери, а на второто место е Москва со 48 милијардери, наведува весникот „The Sunday Times“

Следи Њујорк со 43 милијардери, па Сан Франциско со 42, Лос Анџелес со 38 и Хонг Конг со 34 милијардери.

Како што се наведува, 104 милијардери пријавени во Велика Британија располагаат со вкупно богатство од 301,13 милијарди фунти или 368,75 милијарди евра.

Минатата година во Британија имаше 88 милијардери со вкупно богатство од 300,8 милијарди евра.

Богатството на британските милијардери денес далеку го надминува она од 2008-та година, пред рецесијата, кога нивното вкупно богатство изнесуваше 201,99 милијади фунти или 247 милијарди евра.

Наспроти тоа, БДП по жител во Велика Британија, а тоа е податокот со кој најчесто се мери просечното богатство на населението, паднал далеку под БДП-то од 2008 година и нема да го надмине пред 2017 година.

Милијардерите се размножуваат, а бројот на жители во Британија кои бараат помош во храна е зголемен за дури 163 проценти за една година, така што на крајот на март тој достигна 913,000 лица.

Стручните служби тврдат дека бројот е значително поголем, но дека не е позната целокупната евиденција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП