20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЃумбир против болки во коленото

Ѓумбир против болки во коленото

djumbir

Лицата кои страдаат од болки во коленото, со конзумирање ѓумбир, масло и риба, може да се ослободат од оваа непријатна состојба.

– Ефикасноста на наведените намирници има своја искуствена потврда, а подеднакво се ефикасни, без оглед на возраста на пациентот или причинителот на болката, тврди виенскиот лекар Хадемар Банкхофер.

Проблемите, всушност не мора секогаш да бидат последица на истрошеноста на зглобот, која е карактеристична за постарата популација.

Некогаш настануваат поради оштетување или поради наследен фактор.

Др. Банкхофер тврди дека нанесување масло од камилица, кантарион, маслинки, азиска „тигрова маст“, може да биде чудотворно. Само прашање е што на кого му одговара, поради што наведените мелеми мора прво да се испробаат.

Во исхраната задолжително треба да се внесе морска риба лосос, харинга и скуша.

Овие видови риби богати се со омега 3 масни киселини, кои не само што го јакнат срцето, туку и зглобовите.

Коренот на ѓумбир може да биде ефикасен. Лекот се подготвува така што од свежиот корен се отсекува едно парче, се ренда, па со таа маса се мачка зглобот.

Заради целосен ефект, во исто време треба да се пие чај од оваа зачинска билка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП