7 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКои се вашите права на работното место: 3 начини како да се...

Кои се вашите права на работното место: 3 начини како да се „одбраните“ од шефот

5239_shutterstock_44544562-posao_hf

Ако вашиот шеф помалку е тиранин, а колегите го нарекуваат „робовладетел“ бидејќи не прифаќа никакви изговори за одлужување на работата, експертите предлагаат три начини како да се заштитите. Доколку само повремено се исклучите, можете да го избегнете лошото чувство во стомакот „како да висите на јадица“, а на надредениот ќе му дадете до знаење дека сте работник, а не негов роб.

Избегнувајте да бидете мета

На работното место нема секогаш простор за слобода на говорот. Некои работи не можете да ги кажете отворено, особено не на својот надреден, па подобро е да ги задржите за себе. Исто така, избегнувајте да правите некои приватни разговори и да вршите некои лични работи, како што се плаќање на сметки, закажување на фризер… во работното време.

Како да се заштитите: Допишувајте се преку социјалните мрежи по работното време. И размислувајте логично: ако вашиот надреден е неуморлив во расипување на работната атмосфера, избегнувајте отворени конфликти. Ќе се поштедите себеси од непријатности, а колегите во вас ќе препознаат некој кој е склон на конфликти.

Вашиот социјален живот не е игра

Шефот бара од вас да останете подолго на работа, а вие сте планирале да отидете по децата во градинка, да ги подготвите за на роденденот кај кумовите.

Како да се заштитите: Пред да прифатите било каква работа, информирајте се од сегашните и бившите работници какви се навиките и обичаите на вашиот шеф. Така ќе знаете на каков терен сте: дали се очекува да работите многу и да завршите многу работа во текот на работното место или да бидете на располагање кога и да е потребно. Кога ќе се запознаете со навиките на шефот, ќе знаете како да се поставите. Во секој случај, ова е тема за која треба да разговарате и да ги отворите картите на маса.

Неплатена работа

Прекувремената работа, според закон, неможе да трае подолго од осум часа неделно, ниту подолго од четири часа дневно. Ако направите договот со шефот да работите подолго, тогаш барајте за тоа да бидете платени. Многу е важно да имате и писмено решение за реализирање на правата, обврските и одговорностите. Ако останувате подолго во канцеларијата, не е тоа работа на вашата добра волја, туку начин да заработите повеќе пари.

Како да се заштитите: Барајте отворено да добиете договор во кој ќе биде детално регулирано прашањето за прекувремената работа. Доколку вашиот работодавач тоа не го почитува, имате законско право да се жалите кај надлежните. Соберете материјални докази дека навистина работите подолго. Ова право застарува дури после три години, па така, можете да го искористите во било кој момент од тој временски интервал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП