
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозор на Р. Македонија, Висар Фида, денес (09.05) на прес-конференција ја најави новата британска инвестиција во земјата.
Станува збор за британската компанија Euro BPO компанија која се занимава со аутсорсинг на бизнис процеси за британски и глобални клиенти.
“Се работи за нова британска инвестиција која во наредниве 4 години ќе отвори 350 нови работни места. Компанијата веќе има канцеларија во Скопје и сега се прошируваат со уште една канцеларија во Скопје. Во иднина планираат да отворат и канцеларии во други градови во Македонија”, изјави директорот на Агенцијата, Висар Фида.


