10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА8 начини за изострување на мозокот

8 начини за изострување на мозокот

article-2280239-17A57C3B000005DC-366_634x656

Сконцентрираниот мозок ви е потребен за многу активности кои морате да ги извршувате во текот на денот, па затоа е важно да го сочувате неговото здравје. Како? Научниците почнаа да бараат начини за тоа. Неодамнешните истражувања откриле многу нешта кои би можеле да почнете да ги применувате….

1. Хранете се добро  со цел вашиот мозок да функционира добро

Експерименталните глувци многу поспоро излегле од лавиринтот доколку јаделе храна која содржи високо ниво на шеќери. Но кога во истата таа храна се додадени омега-3 масни киселини, ефектите на шеќерот биле уништени.

2. Поставувајте си предизвици

Честите ментални предизвици ве тераат на размислување. Искористете ги тие можности. Кога конекцијата меѓу невроните е зајакната, тие и полесно се користат.

3. Не гледајте, туку читајте вести

Ако ваш основен извор на информации е телевизијата, го запоставувате делот од мозокот кој е одговорен за читање. Кога читате, ја развивате концентрацијата, која е круцијална за здравото стареење на мозокот.

A pretty african american business woman reading the newspaper

4. Отфрлете ја депресијата

Пореметувањата во расположението може да настанат како резултат на хемиски дисбаланс во мозокот. Ако веќе не сте заинтересирани за нешта кои порано сте ги сакале, прашајте некој што добро ве познава дали ја забележал таа промена. Ако одговорот е потврден, посетете доктор – губењето интерес за нешта кои порано сте ги сакале е главен знак за клиничка депресија.

Постои ли домашен лек? Вежбајте тоа ќе ви помогне да ја вратите хемиската рамнотежа во мозoкот.

35546_shutterstock_75615991_630x0

5. Проверете дали вашето намалување на помнењето е нормално за вашите години

Хипокампусот, дел од мозокот одговорен за меморијатa, старее побрзо од останатите делови на мозокот. Споредете го вашето помнење со помнењето на другите луѓе кои се на иста возраст. Ако не се сеќавате каде сте паркирале, а сите останати се сеќаваат, тоа може да значи дека кај вас постои одреден проблем во помнењето.

6. Движете се за да имате подобро паметење

Една студија од 2011-та година открила дека стриатумот (дел од мозокот за кој се верува дека управува со меморијата) е поголем кај кошаркарите, отколку кај оние кои не се занимаваат со ниедна физичка активност.

Година дена редовна посета на теретана или аеробик може да го зголеми стриатумот кај возрасните личности за 2 проценти.

7. Тренинг за сила

Ако три пати неделно по еден час трошите на физички тренинг, можете да ја подобрите и краткорочната и трајната меморија.

8. Пијте кафе

Немојте да го прескокнувате кафето – кофеинот ќе ја сочува меморијата и ќе ја подобри концентрацијата. Ефектот може да трае до 6 часа, но истражувачите претпоставуваат дека поголема доза (4 до 5 шољи дневно) може да ги ослаби когнитивните способности.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП