29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСтудија: Кафето го штити видот

Студија: Кафето го штити видот

shutterstock

Секојдневното конзумирање кафе помага во превенција на слабеење на видот, покажуваат наодите на американските научници од Корнел Универзитетот.

Според истражувачите, конзумирањето кафе може да ја спречи дегенерацијата на мрежницата на окото поврзана со глауком, стареење и дијабетес.

Седум до девет отсто од кафето го сочинува клорогена киселина, антиоксиданс кој во експериментите спроведени на животни е поврзан со превенција на дегенерација на мрежницата.

Оштетувањето на ткивото на мрежницата поради недостиг на кислород и делувањето на слободните радикали, резултира со слабеење на видот и слепило, додаваат истражувачите.

Претходни истражувања ја поврзаа конзумацијата на кафе со намалување на ризикот за Паркинсонова и Алцхајмерова болест, рак на простата и дијабетес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП