2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРибата го намалува ризикот од депресија

Рибата го намалува ризикот од депресија

ribasvezatunafrrgr11304338555367cc7dd81e1178860995_640x429

Тајната на среќата можеби се крие во нешто многу едноставно, како што е сендвичот со туна.

Рибата во исхраната, најмалку два пати неделно, кај жените има позитивно влијание – го намалува ризикот од депресија за 25 проценти, пишува „Daily Mail“.

Во научна студија објавена во „American Journal of Epidemiology“ се тврди дека нивото на омега-3 масните киселини во комбинација со женските хормони естроген и прогестерон го одржуваат мозокот функционален.

Тимот од тасманскиот институт испитувал1.400 мажи и жени на возраст од 26 до 36 години во период од пет години.

Учесниците во испитувањето воделе дневник за нивната исхрана и во текот на експериментот конзумирале различни видови на морска храна, ракчиња и школки и била пронајдена силна врска меѓу исхраната богата со риба и помалиот ризик од депресија.

Интересно е тоа што ризикот од депресија е помал кај жените, а врз мажите исхраната богата со риба немала ефекти.

Според истражувањата жените се изложени на двојно поголем ризик од депресија, која е еден од факторите што водат до Алцхајмерова и Перкинсова болест.

Претходно било заклучено дека омега-3 масните киселини се добри за работата на мозокот.

Се препорачува луѓето да јадат две порции риба неделно, а едната да биде скушна, свежа туна, лосос или сардина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП