2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристи од Австрија и Германија на кружни тури низ Македонија и регионот

Туристи од Австрија и Германија на кружни тури низ Македонија и регионот

turistit ohrid

На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ денеска пристигна првиот чартер-лет од Виена, со туристи претежно од Австрија и Германија кои ќе престојуваат во Македонија преку аранжмани на австриската туристичка агенција „Мак-Сан Травел“.

Како што појасни Марјан Митев, генерален менаџер во „Мак-Сан Ставел“, станува збор за четири чартер-летови од Виена што ќе се реализираат во претсезоната, со гости на специјалната кружна тура низ Македонија, а дел од нив ќе посетат и некои од соседните држави.

– Воглавно се работи за возрасни лица, туристи заинтересирани за културно-историските знаменитости во Македонија и соседството и токму затоа тие доаѓаат тука во претсезоната, кога временските услови се најповолни за таков вид туризам, истакна Митев.

Тој додаде дека во текот на главната туристичка сезона преку аранжмани на „Мак-Сан Травел“ во Македонија ќе престојуваат и гости кои ќе летуваат во Охрид, со тоа што нивното доаѓање ќе се реализира преку редовни авионски линии на „Аустриан Ерлајнс“.

Митев појасни дека веќе за нивните аранжмани за Македонија има интерес на туристи од Германија, Данска, Шведска, Норвешка, Кина, а агенцијата од идната сезона понудите за летување во Македонија ќе ги нуди и на пазарите во Англија и САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП