8 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да направите купка за детоксикација?

Како да направите купка за детоксикација?

54019_profimedia0029441419_630x0

Детоксикацијата на телото со помош на купка е древен лек кој можете себеси да си го приготвите. Овој тип на детоксикација на токсините се случува преку потењето. Купката за детоксикација и овозможува на кожата да впие минерали и хранливи материи од водата. Еве како да ја направите.

1. Одредете ден кога ќе можете да одвоите барем 40 минути за опуштање. Во првите 20 минути во бањата телото се ослободува од токсините, а во вторите 20 минути кожата ги впива минералите од водата.

2. Наполнете ја кадата со топла вода и користете филтер за хлор доколку имате.

3. Во водата ставете магнезиум сулфат. На тој начин ќе го зголемите нивото на магнезиум во водата.

– за деца до 27 килограми ставете пола чаша

– за лица од 27-45 килограми една чаша

– за оние кои се потешки од 45 килограми ставете 2 чаши магнезиум сулфат

54025_profimedia0005917055_630x0

4. Ставете една до две чаши сода бикарбона. Таа е позната по својата способност за чистење. Исто така ја прави кожата мека.

54022_profimedia0036601338_630x0

5. Ставете мелен ѓумбир или чај од ѓумбир. Тој не е задолжителен во оваа купка, но ја подигнува температурата на телото и поради тоа ќе ги извадите сите токсини и ќе ги исфрлите низ потта. Бидејќи тој загрева можно е кожата да се зацрвени неколку минути, затоа внимавајте и не ставајте повеќе од препорачаната количина, односно само една третина од шољата.

54024_profimedia0129524945_630x0

6. Ставете ароматично масло. Изберете мирис по ваш вкус. Ни ова не е задолжително, но сепак има релаксирачко и благотворно дејство.
54023_profimedia0077081136_630x0

7. Промешајте со рака и влезете во кадата. 40 минути е препорачливо да бидете во неа. Би требало да почнете да се потите по неколку минути. Ако ви е премногу топло може да додадете малку ладна вода.

54021_profimedia0007636553_630x0

8. Откако ќе завршите со купката, пијте доста вода. Секој пат кога правите детоксикација мора да ги исфрлите токсините од телото, а водата ќе ви помогне во тоа.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:

– Не користете ја оваа купка ако сте бремени, ако имате проблеми со срцето, бубрезите или нешто друго.

– Пред да ставите масло во купката прочитајте ги неговите својства. Некои билки може да бидат отровни.

– Не додавајте останати состојќи на своја рака, бидејќи можат да имаат лошо дејство со веќе наведените состојќи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП