23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNLB ќе го намалува бројот на вработени

NLB ќе го намалува бројот на вработени

nlb bankatra2

Нова Љубљанска банка (NLB) поради тешката ситуација во која се најде, до крајот на годината ќе мора да влезе во реструктуирање, што подразбира и намалување на бројот на вработени, пред се во Словенија и Србија, изјави претседателот на „NLB“ во Словенија, Јанко Меѓа.

Според неговите зборови, по деталната анализа која е изработена кон крајот на 2013-та, беше јасно дека во Словенија секој петти вработен во „NLB“ банка, т.е. околу 20 проценти, ќе остане без работа, додека за Србија се уште нема проценка.

Кога станува збор за Србија, „NLB“ има пазарен удел под два проценти, а и тука кризата лошо делуваше на работата.

„„NLB“ во Белград има проблеми со оперативниот профит, не заработуваме доволно месечно пред оданочување, па затоа сега мораме да работиме на реструктуирање, со цел повторно успешно да работиме“, вели Меѓа.

Тој потенцираше дека во банката во Србија од почетокот на кризата забрзано расте уделот на ненаплетените кредити (NPL). На ниво на групацијата „NLB“, Меѓа вели дека ненаплатените кредити изнесуваат дури 25 проценти.

Меѓутоа тој е уверен дека тоа нема да ја загрози работата на „NLB“ и тоа од барем две причини.

„Прво, негативниот економски тренд кулминираше во 2013-та и не доведе до заклучок дека кредитите мораат да бидат правилно покриени. Затоа покриеноста на „NPL“ во Србија е високи 70 проценти“. Втората причина е тоа што групацијата „NLB“ апсолутно стои зад сите „ќерки“ во сите земји“, потенцира Меѓа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП