2 јули, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе се плашите од стресот? Три идеални работни места за вас...

Не се плашите од стресот? Три идеални работни места за вас…

posao-15-300x225stres

Вие сте еден од оние кои живеат малку поинаков живот од останатите? Не се плашите од стресот, почитувате напнатост и не ви е проблем да работите во хаотична атмосфера?

„Career Builder“ претставува три идеални работни места за луѓето кои не се плашат од стресот или конфликтите. Ова се тие работни места…

 

Готвач или шеф на кујна

chef-kitchen-post

Управување со кујнскиот персонал, планирањето и подготовката на храна. Главно се работи во мали простории, односно тесни поради големиот број на апарати, во кои има забрзана интеракција, напната работна атмосфера, ризик од повреда и сл. Гостинот е секогаш во право, дури и кога ќе се пожали и на совршен оброк.

 

Експерт за управување со човечки ресурси

Business meeting

Експертите регрутираат, анализираат, интервјуираат и ги распоредуваат луѓето во компаниите. Нормално тоа не е се она што работат. Сепак, најпознати се по својата улога во решавањето на конфликти меѓу вработените. Вистинскиот професионалец во сите тие ситуации останува смирен и професионален до крај.

 

Медицински техничари

nurse2014qc

Покрај сите напорни активности кои ги обавуваат секојдневно, медицинските техничари овозможуваат и емоционална поддршка за членовите на семејството на хоспитализираните пациенти. Тие мора да знаат како да ги утешат пациентите, да ги насмеат и сл. А способноста за контрола во секојдневните хаотични случувања е повеќе од неопходна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП