9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААплицирање за уверенија за сметководители до 13 мај

Аплицирање за уверенија за сметководители до 13 мај

smetkovoditelnh8498v

Крајниот рок за аплицирање за стекнување со уверение за сметководител истекува на 13 мај, соопшти Министерството за финансии.

Сите заинтересирани граѓани можат да ги поднесат апликациите до писарницата на Министерството за финансии (во зградата на НИП Нова Македонија) или да ги испратат на адреса: Министерство за финансии, ул. Даме Груев бр.14, 1000 Скопје. Потребната документација, согласно видот на лиценцата, е објавена на веб страницата на Министерството за финансии www.finance.gov.mk.

Министерството за финансии издава три вида лиценци согласно образованието и работното искуство: привремено уверение за сметководител, привремено уверение за овластен сметководител и трајно уверение за сметководител или овластен сметководител.

Привременото уверение за сметководител се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 3 години, или вишо образование и работно искуство од 2 години, или пак високо образование и 1 година работно искуство.

Привременото уверение за овластен сметководител се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 10 години, вишо образование и работно искуство од 8 години, или високо образование и 3 години работно искуство.

Трајно уверение за сметководител или овластен сметководител, се издава на лица кои имаат 25 години работно искуство во сметководствени работи.

Досега, Министерството за финансии има издадено над 10 илјади уверенија за сметководители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП