29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda подготвува конкурент на Mini, Citroen DS3 и Audi A1

Mazda подготвува конкурент на Mini, Citroen DS3 и Audi A1

mazda verisa22

„Mazda“ пред два месеци на саемот за автомобили во Женева на јавноста и го прикажа концептот „Hazumi“ кој послужи како најава за новата генерација на моделот „Mazdа 2“ кој се очекува веќе во текот на оваа година (премиерата е најавена за наесен, а со тоа продажбата ќе стартува на почетокот на 2015-та).

Само за потсетување, новата „Mazdа 2“ покрај новата платформа ќе ја одликува и технологијата на „Mazdа“ – „SkyActiv“, „Kodo“ дизајнерскиот јазик и нешто поголеми димензии.

Врз база на новата „двојка“, „Mazda“ќе направи уште еден модел кој ќе биде конкурент на „Mini“, „Citroen DS3“и„Audi A1“.

Според вестите од Јапонија, таа нова „Mazda“ би требало да се нарекува „Verisa“ (име кое „Mazda“ веќе го користи во Јапонија), а развојот го води „Mazda Europe“.

Како најава за овој модел ќе послужи концептното возило за кое се вели дека промоција ќе има во март 2015-та на саемот во Женева, додека продажбата на серискиот модел може да се очекува во првиот квартал од 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП