20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТутунски објави предлог одлука за издавање четврта емисија хартии од вредност

Тутунски објави предлог одлука за издавање четврта емисија хартии од вредност

kombinat prilep

Тутунски комбинат АД Прилеп објави предлог одлуки за Собранието на акционери со кои предвидува издавање четврта емисија хартии од вредност со што ќе се зголеми основната главнина на Комбинатот.

Со оваа емисија се врши зголемување на основната главнина на друштвото со непарични влогови по пат на приватна понуда наменета за Република Македонија. Четвртата емисија по пат на приватна понуда се врши врз основа на претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог согласно Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Тутунски комбинат Прилеп. Владата ги презема акциите од новата емисија со претворање на своето побарување во влог во друштвото, односно со внесување на непарични влогови.

Непаричниот влог изнесува 816.380.080,89 денари, односно 13.274.472,86 евра. Ќе се издадат 259.622 акции при што номиналната вредност на една акција е 51,13 евра.

Со хартиите од вредност ќе се конверзираат јавните давачки кои што ги има Тутунски комбинат АД Прилеп со што целосно ќе се реализира Законот за претворање на побарувањата на Македонија по основ на јавни давачки во траен влог и Тутунски комбинат АД Прилеп растоварен од овие обврски што ги има кон Република Македонија.

Како што информира Македонска берза, Тутунски комбинат објави и договори за заедничко вложување склучени од страна на Филип Морис и Тутунски комбинат АД Прилеп.

На Македонската берза денеска е остварен промет од редовното тргување од 21.518.545,74 денари (349.129,81 евра) од кои 21.518.545,74 денари се остварени на Официјалниот пазар.

Прометот од редовното тргување со акции на дневно ниво бележи зголемување од 92,98 проценти во споредба со претходниот трговски ден.

Од акциите кои што се тргуваат на Официјалниот пазар најголемо учество во вкупниот дневен промет имаа акциите на Макпетрол Скопје со промет од 18.500.000,00 денари. На Официјалниот пазар најголем пораст забележаа акциите на Бетон Скопје со процентуален пораст на просечната цена од 2,87 отсто.

На Македонската берза се склучени две системски блок трансакции и тоа 1.100 обични акции на Раде Кончар Скопје (РАДЕ) по цена од 1.252 денари за една акција, што претставува 0,53 отсто од основната главнина на друштвото. Вкупната вредност на трансакцијата изнесува 1.377.200 денари и 2.100 обични акции на Раде Кончар Скопје(РАДЕ) по цена од 1.252 денари за една акција, што претставува 1,02 отсто од основната главнина на друштвото. Вкупната вредност на трансакцијата изнесува 2.629.200 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП