28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Здравје Радово“ ги надмина очекувањата-најавува драстично поголем откуп на млеко

„Здравје Радово“ ги надмина очекувањата-најавува драстично поголем откуп на млеко

Print_jogurti

Млекарницата „Здравје Радово“ најавува неколкукратно зголемување на откупот на кравјо млеко од домашните фармери и освојување на европскиот пазар.

– Во наредните две години планираме да го зголемиме откупот на кравјо млеко од домашните кооперанти и млекарницата да стане регионален лидер. Тоа се должи на зголемената побарувачка на нашите производи на македонскиот и на пазарите во соседството, изјави генералниот менаџер Јован Дабевски.

Компанијата која користи исклучиво домашно млеко и на своите потрошувачи во континуитет им нуди традиционални производи по европски стандарди ќе ја реализира оваа стратегија во соработка со најголемите македонски фарми.

– Правејќи ги проекциите, не изнеди фактот дека за нашите производи се повеќе има интерес и на странските пазари. Побарувачката е поголема отколку што планиравме. Затоа ни е неопходен зголемен откуп на домашно, квалитетно кравјо млеко. Со оглед дека употребуваме 100 отсто домашна суровина, од македонски фармери, во соработка со најголемите, но и помалите фармери кои произведуваат квалитетно млеко, планираме да ги освоиме и европските пазари, посочи Дабевски.

„Здравје Радово“ лани реализираше 120.000 литри дневен откуп, а годинава достигна 150.000 литри. Според динамиката, се предвдува пораст од 250.000 литри во 2015-та до 300.000 литри дневен откуп во 2106 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП