5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStandard & Poor`s го намали рејтингот на 15 европски банки

Standard & Poor`s го намали рејтингот на 15 европски банки

sp banki

Меѓународната агенција „Standard & Poor`s“ го намали од „стабилна“ во „негативна“ перспектива рејтингот на 15 европски банки, вклучувајќи и такви големи како британската „Barclays“, швајцарската „Credit Suisse“ и германската „Deutsche Bank“.

Како што е наведено во соопштението на Агенцијата, одлуката е донесена во врска со прифатениот план на Европскиот парламент кој ги ослободува владите на земјите од ЕУ од потребата да ги спасуваат банките.

Според аналитичарите на „Standard & Poor`s“, кога европските регулатори ќе пристапат кон спроведување на оваа мерка, значителната државна поддршка во која сега уживаат банки, ќе се скрати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП