5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар закрепна, рејтингот зголемен

Кипар закрепна, рејтингот зголемен

kipar6

Американската рејтинг агенција „Standard&Poor’s“ (S&P) го зголеми долгорочниот кредитен рејтинг на Кипар.

Агенцијата го потврди краткорочниот рејтинг на Кипар и даде позитивна оценка за економското закрепнување на медитеранскиот остров.

„S&P“ така го прилагоди долгорочниот рејтинг на Кипар на „Б“ од „Б-“ и го потврди рејтингот за краткорочно задолжување на „Б“, пренесува Франс прес.

Како што се наведува во соопштението на агенцијата, подигнувањето на рејтингот дошло поради подобрата од очекуваната економска состојба на Кипар, на што допринесе силното работење во секторот на туризмот и угостителското работење.

Во меѓувреме, рејтинг агенцијаta, „Fitch“, ја зголеми прогнозата на рејтингот на Кипар за долгорочно задолжување во странски валути на „стабилна“ од „негативна“ и ја потврди оценката на рејтингот на „Б-“.

Во март минатата година, ослабениот Кипар со тројката кредитори – Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд – го договори пакетот помош од десет милијарди евра, со цел да ја извлече својата економија од работ на колапсот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП