25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИiPhone за 0 денари во понудата на Вип

iPhone за 0 денари во понудата на Вип

yuyuyu

Слушајќи ги потребите на корисницитеза слободна и неограничена комуникација, како и потребата за современи уреди за непречајно остварување на истата, Вип го збогатува своето потфолио на производи со  iPhoneпаметните телефони.

Од денеска, во Вип корисниците ќе можат да одбератiPhoneпаметни телефони кои ќе им бидат достапни на македонските граѓани по цени започнувајќи од 0 денари за моделот iPhone 4S (верзија од 8GB) во тарифниот модел Vip Free + Nolimit +со договорна обврска на 24 месеци. Освен овој модел во понудата ќе бидат достапни и моделите iPhone 5S(верзија од 16GB) и iPhone 5C (верзија од 8 GB).

– Воведувањето на многу посакуваните iPhoneпаметни телефони во портфолиото на Вип претставува уште една потврда дека Вип секогаш и на секој можен начин настојува да ги препознае и пресретне барањата на своите корисници. Во неколку наврати веќе докажавме дека им ги нудиме на македонските граѓани современите технолошки достигнувања во индустријатапо најповолни цени и со сигурност ќе продолжиме да ја следиме таа насока и во иднина, изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.

Најновата понуда – iPhone за 0 денари е достапна во сите Вип центри ширум Македонија и е реализирана во соработка со Телеком Австрија Групацијата, чиј член е и Вип оператор. Повеќе информации во однос на понудата се достапни на телефонскиот број 077 1234 или на веб страницатаwww.vip.mk .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП