4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСекојдневни навики кои ги оштетуваат бубрезите

Секојдневни навики кои ги оштетуваат бубрезите

bubrezi22985997515c4e8e9ad14176980299_orig

Бубрежните нефрони на секои 45 минути филтрираат пет литри вода содржани во крвта. Затоа здравото тело може секои 24 часа да исфрли околу две литри отпадни материи во облик на урина. Оваа природна детоксикација може сериозно да ја нарушите на најмалку четири начини.

Бубрезите го регулираат крвниот притисок, рамнотежата на водата и електролитите и ги елиминираат штетните метерии од организмот. Ако ги имате на ум сите важни функции на бубрезите и фактот дека нанесената штета често пати не може да се поправи, корегирајте ги следните навики:

1. Долготрајно користење на таблети против болки

Долготрајното користење на лекови против болки, особено во големи количини, штетно делува на ткивото и структурата на бубрегот. И лековите што се добиваат на рецепт и оние без рецепт може да влијаат на намалување на дотокот на крв во бубрезите. Меѓу еден и три проценти од новите случаи на хроничен застој на работата на бубрезите годишно може да биде предизвикано со злоупотреба на лековите против болки. Слично дејство може да имаат и некои лекови против висок притисок.

2. Цигари

Негативното влијание на цигарите на белите дробови и срцето е веќе познато, но истражувањата покажуваат дека и пушачите се почесто имаат протеини во урината, што е знак за оштетување на бубрезите. Болестите кои влијаат на работата на бубрезите како што е дијабетисот и високиот притисок, исто така се влошени од склоноста кон цигарите, а на пушачите почесто им е потребна дијализа или трансплантација на бубрег, покажаа истражувањата.

3. Исхрана богата со шеќер

Премногу шеќер води до здравствени проблеми, како дијабетес и дебелеење, а тоа се ризични фактори за болест на бубрезите. Намалете го внесувањето на шеќери во организмот и ќе го намалите ризикот од наведените болести. Помалку преработени шеќери значи и помалку калории, хемикалии и соли, а половината и бубрезите ќе ви бидат благодарни.

4. Премногу сол

Солената храна може да го зголеми крвниот притисок кој ги оштетува бубрезите. Високиот притисок ги оштетува бубрезите, а со тек на време може да дојде и до запирање на работата на бубрезите. Здравствените организации препорачуваат дневно да се внесува една лажичка сол или 2.300мг. Оние со висок притисок и болни бубрези треба да внесуваат уште помалку, околу 1.500 мг дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП