5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон е омилената дестинација на милионерите

Лондон е омилената дестинација на милионерите

londonew5f4ew4fe

Лондон стана омилената дестинација на странските милионери, потоа следат Њујорк и Токио, се наведува во годишниот извештај на весникот „New World Wealth“.

Бројот на милионери кои ја напуштиле својата земја и се населиле во британскиот главен град од 2003 до 2013 година е зголемeн за најмалку 114.100 лица.

Во извештајот се наведува дека во Лондон во моментов живеат најмногу милионери, односно 339,300 милионери. На второто место е Њујорк со 300,100 милионери додека Токио е на третото место со 226,500 милионери, а Сингапур е на четвртото место со 225,000 милионери.

Во Сингапур во последните десет години бројот на странски милионери пораснал за 45.000.

На третото место според растот на странски милионери во последната деценија се САД со 42.000, додека на четвртото и петтото место се Австралија и Хонг Конг со по 22,200 новодојдени милионери.

Во извештајот се наведува дека најмногу милиониери доселеници доаѓаат од Кина која во последните години ја напуштиле најмалку 76.200 богати граѓани и се отселиле во Хонг Конг, Сингапур и Велика Британија.

Зад Кинезите следуваат Индијците, Французите, Италијаните и Русите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП