2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот на Land Rover најавува ново семејство на Discovery (фото+видео)

Концептот на Land Rover најавува ново семејство на Discovery (фото+видео)

land rover koncept

Судејќи врз основа на концептот „Discovery Vision“ кој „Land Rover“ го претстави пред почетокот на саемот за автомобили во Њујорк, новата генерација на овој модел значително ќе се разликува од претходникот.

Концептот „Discovery Vision“ има елегантни линии во однос на актуелниот модел. Предниот дел е дизајниран според новата генерација на автомобилите на „Land Rover“, како што се „Evoque“ и најновиот „Range Rover Sport“.

land rover koncept1

Значително е намалена настрешницата пред предните тркала, горната линија на вратата е подигната, а страничните стакла имаа помала површина.

Додека предните покривни носачи се сокриени зад стаклата, „С“ столбовите се нагласени. На тој начин е задржана традиционалната стилска карактеристика на сите претходни генерации на моделот „Discovery“.

land rover koncept2

Наместо досегашните асиметрични, дводелни врати на багажникот, „Land Rover“ предвиде класична врата од еден дел, со рамна долна ивица на прозорецот, каква може да се види и на другите модели на овој производител.

Од концептот се отстранети „В“ столбовите, а задната врата се отвора во спротивна насока, па така е полесен пристапот до кабината.

land rover koncept3

Дополнителна предност е тоа што и предната и задната врата се отвораат под агол од 90 степени.

Трите реда седишта се поставени во конфигурација 2+3+2, a наслоните на седиштата во вториот и третиот ред можат да се навалат независно едни од други, а со тоа во кабината се добива рамен простор за товарање на поголеми предмети.

land rover koncept4

„Land Rover“ сакаше концептот да го претстави во што е можно подобро светло, па така кабината е опремена со премиум материјали.

Класичната инструмент табла е заменета со голем екран, додека скоро целата централна конзола ја зазема дисплеј за мултимедијалниот систем.

land rover koncept5

Една од бројните новитети на концептот „Discovery Vision“ е т.н. „проѕирна хауба“.

Возачот, благодарејќи на камерите кои се наоѓаат на предниот долен дел на хаубата, е во состојба на шофершајбната да види проекција на дел од патот пред возилото. Во „Land Rover“ сметаат дека ова значително ќе ја подобри видливоста и прегледноста при теренско возење.

land rover koncept6

Покрај тоа, возачот на располагање има и систем кој на екранот ја „исцртува“ мапата на дел од патот по кое возилото се движи, користејќи технологија на ласери кои се вградени во светлата за магла.

Концептот „Discovery Vision“ ќе биде основа за најмалку три идни модели на „Land Rover“. Најпрво до крајот на 2014-та година ќе се појави верзија со пет седишта, која ќе биде поставена на платформата на моделот „Evoque“, a која ќе го замени актуелниот „Freelander“.

Во подготовка е и наследник на „Freelander“ со седум седишта, кој на пазарот ќе пристигне најверојатно во 2015-та година, а третиот модел базиран на концептот „Vision“ ќе биде возило кое во гамата ќе ја заземе позицијата на актуелниот „Land Rover Discovery 4“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП