20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали знаете колку е корисен аеробикот?

Дали знаете колку е корисен аеробикот?

aerobikfew54fewf6we

Редовните аеробик вежби во дваесетите години имаат позитивен ефект на функцијата на мозокот во средните години, објавија американските научници.

Активностите како трчањето, пливањето или возењето на велосипед биле поврзани со подобрите резултати на тестирањата на когнитивните способности 25 години подоцна, пишува списанието „Neurology“.

Извештаите на научниците од Универзитетот во Минесота се базирани на следењето на околу 3.000 здрави испитаници кои на почетокот на истражувањето имале околу 25 години.

Исто така се покажало дека постои директна поврзаност меѓу практикувањето на секојдневниот аеробик и подобрите резултати на тестовите за когнитивни способности, подоброто општо здравје, здравјето на мускулите и коските, намалениот ризик од дебелеење и кардиоваскуларните болести, без оглед на присуството на негативните фактори како што е пушењето, дијабетисот или преголемото количество на холестерол.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП