27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Тутунска банка ги објави финансиските резултати за 2013

НЛБ Тутунска банка ги објави финансиските резултати за 2013

tutunska-banka-zgrada2

НЛБ Тутунска банка ја заврши 2013 година со остварена нето добивка од 10,2 милиони евра.

Банката информира дека повратот на капиталот е 11,2 проценти, билансната актива 972 милиони евра, додека нивото на нефункционални пласмани е 7,8 проценти.

На Собранието на акционерите, четврта година по ред, било одлучено остварената добивка да се реинвестира во резервите на банката со што, како што наведува во соопштението, ќе се овозможи понатамошен раст на кредитните активности, високата ликвидност и високата адекватност на капиталот од 15,5 проценти.

Вкупните кредити на крајот на 2013 година изнесувале 615 милиони евра, од кои 291 милиони евра се пласирани кај стопанството, а 314 милиони евра се пласирани кај населението.

За следната година планирано е зголемување на постојното кредитно портфолио, со посебен акцент на кредитирање на микро, малите и средни претпријатија и населението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП