19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТечни калории: Внимавајте што пиете!

Течни калории: Внимавајте што пиете!

technikaloriikj3498uf9

Истражувањата покажуваат дека една третина од дневните калории ги внесуваме преку течностите, што може да значи дека се дебелееме токму од нив.

Истражувањето покажува дека луѓето кои пиеле само 100 калории помалку на дневна база, изгубиле повеќе килограми од оние луѓе кои го намалиле количеството на храна за ист број на калории.

Оние кои од својата исхрана ги исфрлиле засладените пијалоци изгубиле повеќе килограми, бидејќи ваквите пијалоци содржат високо ниво на фруктоза преку која внесуваме шеќери, кои подоцна се наталожуваат во нашето тело.

Пијлоци кои можете да ги пиете без страв за својата линија:

Чај – особено зелениот чај, кој во себе не содржи калории, а содржи антиоксиданси кои се корисни во борбата против килограмите. Зелениот чај ја зголемува работата на метаболизмот и ги намалува маснотиите. Ако не го сакате вкусот на зелениот чај, тогаш додадете едно парче праска или лист од нане, тогаш сигурно ќе ви се допадне.

Вода – Едноставен и многу ефективен пијалок кој прави чуда за вашата кожа и тело. Ако не сакате да пиете обична вода, немојте да купувате вода со вкусови бидејќи таа е полна со шеќери. Подобро е да ставите природен лимон или портокал во водата.

Што не треба да пиете:

Кафе со шеќер – Ако сте голем љубител на кафе, а пиете капучино, лате или нешто слично, треба да знаете дека тоа содржи многу шеќери и калории. Па наместо обично (полномасно) млеко, користете млеко од соја или ориз и обидете се да не конзумирате кафе со шлаг, карамела или чоколаден прелив.

Коктели – Знаеме дека коктелите се вкусни и супер изгледаат, но тие се шеќерна бомба! Најчесто се прават од сокови кои се полни со шеќер и алкохол кој исто така содржи шеќер. Ако неможете да им одолеете, барем обидете се помеѓу коктелите, да пиете пијалок со мал процент на шеќер како на пример водата, со цел да ги разложите шеќерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП