27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија: Директорот на НЛБ банка страстен покераш

Словенија: Директорот на НЛБ банка страстен покераш

J

Директорот на Нова Љубљанска – Банка Јанко Меѓа, во приватниот живот сака да игра покер, но тврди дека не учествува на турнирите откако пред една ипол година дошол на чело на најголемата словенечка банка, бидејќи за тоа повеќе „нема време“.

Како што пишува словенечкиот весник „Дневник“, Меѓа ги потврдил информациите кои веќе подолго време кружат во медиумите дека е страстен играч на покер, со прецизирање дека покер играл додека бил на претходната позиција во Управата на Уникредит банка во Словенија.

Според информациите на овој весник, тој учествувал и на неколку меѓународни покер турнири на кои се пласирал играјќи покер преку „покер собите“ на интернет, а според податоците преку покер порталите тој досега заработил околу 190.000 евра.

На прашањето дали Меѓа поради склоноста кон коцкарските игри е примен на водечкото место во банката, во словенечката централна банка одговориле дека тоа е проценка на Надзорниот одбор на банката, но дека тоа би било препрека ако станува збор за хоби кое се развива во зависност.

Дневникот наведува дека ова откритие може да го загрози угледот на Меѓа, бидејќи стандардите за лиценците за директори на словенечките банки се во согласност со правилата на Европската банкарска агенција.

Според нив, одреден член на управата или надзорниот одбор на банката не може да се смета за угледен ако неговите приватни или деловни постапки не го отфрлуваат секое сериозно сомневање за неговата способност да обезбеди безбедно и внимателно управување на кредитната установа.

Државата минатата година ја докапитализираше НЛБ, а банката е во процес на санација и реструктуирање со оглед на последните години во кои бележи загуба.

Во Министерството за финансии на Словенија одбиваат да коментираат дали положбата на Меѓа, за кој се поврзани и некои други афери, е загрозена или не по откритието за неговата страстна склоност кон покерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП