20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПристигнува евтиниот кавијар?

Пристигнува евтиниот кавијар?

kavijar

Германскиот биолог Ангела Келер тврди дека пронашла начин да се произведе кавијар, за кој не треба да се убиваат риби, а финалниот производ го прави поевтин.

Кавијарот се прави од икри од есетра – риба која стана критично загрозен видов и е речиси истребена од својата животна средина. Единствениот начин да се дојде до икрите од рибата е да се убие.

„Нема смисла, риба на која и требаат седум или осум години за да созрее, едноставно да ја убиете кога ќе ги произведе првите икри“, вели Ангела Келер.

Решението како што смета Келер, е во високо-технолошки систем кој обезбедува да се добијат икри од есетрата со масажа, со што на крајот ќе се добие „исправен кавијар“. Кога ултразвукот ќе покаже дека икрата е подготвена, на рибата и се дава протеин кој предизвикува пораѓање, а потоа се пристапува со масажа.

Келер смета дека еден рибник со примената на овој систем, би можел да произведе 10 тони кавијар годишно. Доколку дојде до масовна употреба на овој систем, цената на обичниот кавијар би паднала од 105 на 20 долари за унца ( унца = 28,35 грама ), проценува германскиот биолог.

Медиумите , сепак се прашуваат дали вака произведениот кавијар ќе има ист вкус како традиционално произведениот кавијар. Покрај тоа, производителите на кавијар прашуваат зошто тие воопшто би сакале нивните производи да станат поевтини?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП