4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВежби кои го намалуваат апетитот

Вежби кои го намалуваат апетитот

ishrana1 (1)

Првиот чекор во постигнувањето на телесна тежина која ќе ве задоволи е погледот кон сопственото тело, а потоа одговорното однесување со кое ќе ги избирате прехрамбените намирници и нивната количина во вашата чинија.

Една од тајните на добриот изглед лежи во тоа самите да знаете кога ви е доста. Кога чувствувате дека сте сити значи дека веќе сте изеле премногу. Кога ќе станете од маса чувството мора да биде организам исполнет со енергија, а не чувство на полн стомак и замор. Вежбајте и со време ќе научите како да ги разликуваат овие две работи.

Ако продолжите да јадете откако во организмот ќе внесете доволно храна и се чувствувате сити, тоа е само навика што ја влечете од детството.

Често јадеме само затоа што ја гледаме храната, а не затоа што сме гладни. Исто така седиме на маса од навика, а не затоа што на организмот му е навистина потребна храна.

Почнувајќи од денес обидете се да го завршите оброкот пет минути порано отколку обично или кога на чинијата ќе остане четвртина од вашиот вообичаен оброк. Направете пауза од десет минути и вратете се на маса. Речиси е сигурно дека нема веќе да бидете гладни. Веќе во следниот оброк ставете на чинијата помала порција.

Вежби за намалување на апетитот:

1. Најдобриот тренинг што можете да си го дадете самите на себе е правилно и долготрајно џвакање на секое залче. Секој залак е потребно да се проџвака барем 30 пати.

2. Користете помали чинии и садови кои нема да изгледаат празно кога на нив ќе ставите помала количина храна. Кога ќе го завршите оброкот мозокот ќе му испрати на телото порака дека сте сити, а чинијата ќе биде празна. Едноставно.

3. На масата секогаш имајте чаша вода и пијте во текот на оброкот. Често жедта ја мешаме со глад и тогаш работите тргнуваат удолу.

4. Јадете полека. Најдете време за оброк и добро изџвакајте го секој залак.

5. Постепено намалете ги оброците што ги приготвувате за вечера. Појадокот нека ви биде најобилниот оброк во денот.

6. Сонот е многу важен за постигнувањето на идеална телесна тежина, а тој ќе си дојде природно кога во организмот пред спиење ќе престанете да внесувате тешка храна.

7. Вежбајте секој ден, тоа нека биде прошетка до работа, прошетка со кучето или 20 минути возење со велосипед. Телото ќе ви биде благодарно и ќе се чувствувате подобро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП