28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекордна премија од 300 милиони денари за Винер во првиот квартал

Рекордна премија од 300 милиони денари за Винер во првиот квартал

winner-novo

Одличен старт на деловната година за најбрзорастечката компанија на домашниот осигурителен пазар, Винер – Виена Иншуренс Груп. Од компанијата информираат дека во првиот квартал од 2014 оствариле рекорднa полисирана премија од речиси300 милиони денари. Тоа претставува пораст од 20% во однос на истиот период минатата 2013 година, со што компанијата го забележала најдобриот квартал во историјата, продолжувајќи го постојаниот динамичен раст.

Во Винер Осигурување велат дека зголемувањето на бројот на нови осигуреници и продадени полиси се резултат на целосната посветеност на компанијата на потребите на клиентите во сите сегменти на осигурителниот процес, како и на беспрекорното реосигурително покритие кое е основа за целосна безбедност на осигурениците и осигуреното.

Од оваа деловна филозофија произлегува и актуелниот проект на компанијата – „(О)Сигурен во Винер“, кој вклучува продукти креирани според барањата и можностите на клиентите, како и програма за лојалност со која секој клиент добива доплнителни услуги, подароци и изненадувања. Експресното решавање и динамичната исплата на штетите остануваат препознатлив имиџ на компанијата, додаваат од таму.

Инаку, по првиот квартал во 2014, Виена Иншуренс Груп и понатаму е групација со убедливо најголем удел на домашниот осигурителен пазар. Групацијата, која важи за најмоќна во Централна и Источна Европа, во Македонија е присутна од 2009 година преку Винер Осигурување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП